ORGANIZER: Mitko Gogov
CONTACT: dzamski@yahoo.co.uk
MACEDONIA POSTER GALLERY 2017
Macedonia poster designed by: Zoran Cardula.
Дизајн на Стоилов Иван
Design by voskresiǰa andreevska
Designed by Sasko Dete Ilov
Design by Elena Bančotovska
Дизајн на Марко Крстевски
Дизајн на Маријана Иванова
Design by: Tommy Nikolov
Дизајн на: Воскресија Андреевска
Дизајн на: Росана Стаменкова
Дизајн: Стоилов Иван
Седмото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ се одржa во сабота, 30 септември со почетокот во 20 часот во кино салата на кафе бар „Селект“ во Струмица. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира седмото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, на кое освен поетите од Македонија кои се застапени во традиционалниот зборник кој секоја година се издава и промовира како дел од самата програма, ќе учествуваат и специјалните поети-гости: Фахредин Шеху (Косово), кој во моментот е номиниран за Пулицеровата награда за литература за 2018 година, Вилијам С. Питерс и Маргарет Сејн (САД), Сотириос Пастакас (Грција), Иван Христов (Бугарија) и осум поети од Србија меѓу кои Стефан Митиќ и Немања Стојковиќ Блеки. Програмата на манифестацијата започнува во 20 часот со отворање на изложбата на плакати од дизајнерите кои се дел од конкурсот кој секоја година е дел од програмата, за потоа да биде промовиран зборникот со поезија во кој се застапени повеќе од 60 автори кои учествуваа на претходно објавениот конкурс на кој беа пријавени околу 300 автори, за сето тоа биде проследено со поетско читање на поетите гости и авторите од Македонија меѓу кои Никола Маџиров, Наташа Сарџоска, Тихомир Јанчовски, Д.А. Лори, Сузана Мицева, Мариета Дукиќ, Катерина Панов Кожаров и многу други. Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика. „100 Илјади поети за промена“ се поддржани од годишната програма на Општина Струмица.